Image14 Сеп 2020

АДИНГ СО ДОНАЦИЈА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ВО Г.ОХРИД, ЗА ПОТРЕБИТЕ НА „НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА – МОБИЛНОСТ“

Најголемиот предизвик на денешницата е да изградиме фер општество каде што ќе има место за сите без исклучок. Надминувањето на таа бариера е задача на сите во општеството и токму од таа причина дониравме наши производи на “Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност”, каде членуваат 8400 лица со физичка попреченост од целата земја. 


Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во г. Охрид, кои се на располагање на „Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност“. Со обновата на овие објекти, на лицата со попреченот ќе им се овозможи користење на адаптирани и пристапни сместувачки капацитети преку целата година за одмор и рекреација, симпозиуми и спортско-физички подготовки.

*Моментална состојба на објектите.